
Пазарот на криптовалути утрово бележи големи загуни. Во изминатите 24 часа, пазарната капитализација паднала за 9,1 отсто и според податоците од сајтот coingecko.com таа моментно изнесува 2,16 билиони долари.
Распродадени се буквално сите излистани криптовалути, а голем број од нив бележат и двоцифрен пад.
Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, според податоците на сајтот паднал за дури 8,8 отсто и моментно со него се тргува по цена од 42.875 долари.
Најголем пат бележи криптовалутата итириум. Итириумот во изминатите 24 часа загубил дури 11,9 отсто од својата вредност и моментно се цени на 3.382 долари.