
Уставниот суд на денешната седница не поведе постапка по иницијативната поднесена на Одлуката на здравствените власти со која се забранува влез во објекти и делови од објекти наведени во одлуката, без поседување и приложување на: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот САРС-КоВ-2, односно примена најмалку прва доза од вакцина против заразната болест ковид-19 и сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Судијата известител на седницата рече дека наводите во иницијативата се неосновани, бидејќи Одлуката на здравствените власти е разумна и е донесена за општо добро поради пандемијата со ковид-19, врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО).
извор: novamakedonija.com.mk