Секое утро кога ќе се пробудиме правиме некои работи кои со тек на времето ни станале рутина. Некои од нив не прават спори, негативни, па дури и мрзоволни рано наутро.
Ослободете се од овие пет токсични навики и бидете свежи за нов ден секое утро.
Гледате во телефон
Во денешно време, за многу луѓе, првото нешто што го прават кога ќе ги отворат очите наутро е да го земат телефонот и да почнат бесцелно да “скролаат”. Тоа е најтоксичната навика, која најмногу влијае на очите. Покрај тоа, ја намалува и продуктивноста. Затоа, кога ќе се разбудите, наместо да го земете мобилниот, испијте чаша млака вода, измијте се, излезете на балкон или застанете покрај прозорецот и вдишете свеж воздух. Одвојте час или два, ако е можно, па дури потоа погледнете го телефонот, проверете ги социјалните мрежи, мејловите и слично.
Го прескокнувате појадокот
Многу луѓе имаат лоша навика да не појадуваат наутро по будењето, туку само да пијат кафе или чај. За добар почеток на денот, важно е јадете квалитетен и здрав доручек. Доручкувајте јајца, тост, овесна каша или свежо овошје.
Одложувате
Откако ќе се разбудите, важно е да си го испланирате денот, а потоа да ги завршите зададените задачи, дури и ако е недела и сè што сте планирале е да одите на шопинг. Не ги одложувајте плановите, тоа никогаш не е добро. Наводнете ги растенијата во куќата или исчистете ја куќата или фрижидерот, доколку имате дополнително време.
Не се туширате
Причината зошто луѓето се тушираат наутро е за да го започнат новиот ден свежо и да добијат наплив на енергија. Туширањето во телото ослободува хормони кои прават да се чувствуваме добро и не подготвуваат за енергичен ден.
Негативни мисли
Никогаш не размислувајте за негативните работи во вашиот живот штом ќе се разбудите наутро. Молете се, медитирајте или кажете си неколку мотивирачки мисли во огледалото. Бидете благодарни за добрите работи во животот и бидете оптимисти. Една негативна мисла наутро секогаш ќе биде демотивирачка и ќе влијае на остатокот од вашиот ден.