
Според таканаречениот швајцарски модел на крајот на годинава просечната исплатена пензија која сега изнесува околу 16 илјади денари - сега ќе изнесува 17.300 денари.
До тогаш, пензионерите ќе ги добијат само дополнителните по 1.000 денари за април, мај и јуни, како финансиска помош. Парите ќе се исплаќаат директно од Фондот, бидејќи истиот е стабилен.
Според новата методологија – пензиите ќе се усогласуваат секој април и септември, според трошоците на живот и растот на просечната плата. Од невладината Фајнанс Тинк велат дека со реформата се враќа системот за пресметка кој важеше до 2018 година, а прилагодувањето го оценуваат како коректно – проценуваат дека нема да се наруши стабилноста на ПИОМ, а истовремено се обезбедува попристоен живототен стандард за пенизонерите...
извор: kanal5.com.mk