Откако фудбалерите на Македонија го победија европскиот шампион Италија среде Палермо, на Твитер има бум од реакции
Откако фудбалерите на Македонија го победија европскиот шампион Италија среде Палермо, на Твитер има бум од реакции.
Едни велат биеното сирење ја тепало моцарелата, а Чик Куманово го победил Гучи. Други се во паника оти Италија може да ни забрани увоз на шпагети. И додека фановите преку твитови го молат Швајнштајгер во вторник да навива за Португалија, некои се пофалија дека во Врање слушнале како се слави голот на Трајковски…
Погледнете дел од најзабавните твитови.