
Со анализа на 26 студии истражувачите откриле дека придобивките од музиката врз менталното здравје се слични на оние од вежбањето или намалувањето телесна тежина.

Новата анализа емпириски потврди нешто што звучи вистинито за многу љубители на музиката – дека пеењето, свирењето или слушањето музика може да ја подобри благосостојбата и квалитетот на животот.
Слушањето, пеењето или свирењето музикa е поврзана со значајни подобрувања во менталната благосостојба“.
Музичката терапија е веќе одамна позната во светски рамки, но бидејќи се работи за медицинска употреба, следниот предизвик е да се дознае точната доза, а истражувањата не укажуваат на тоа.
Единствено што, според нас, е проблематично е тоа што во истражувањата никаде не е прецизирано за каков вид музика станува збор. Претпоставуваме дека и тоа игра значајна улога. Наша претпоставка е на пример дека класичната музика го смирува менталното здравје, метал музиката го разбранува, додека турбо-фолкот го затапува.
Се разбира, ова е претпоставка, еден металец веројатно би шекнал од турбо-фолк, исто што и турбофолкер од класичната музика, додека љубителот на класиката и високата култура би „полудел“ од двата други жанрови.
Сепак, уметноста понекогаш игра и улога на катарза, како што е познато уште од античко време, па и музика која е агресивна сама по себе не мора да значи дека ќе предизвика агресија, туку напротив прочистување на психата од неа.
Додека не се направат научни и експериментални истражувања, се е претпоставка, освен тоа дека – без музиката животот нема смисла!