
Алкалоид АД Скопје донираше 2167 производи Бекутан КИДС ВИТС – МУЛТИВИТАМИНИ сирупи наменети за деца на возраст над една година во сите градинки на територија на Општина Карпош.
Производите ќе бидат понудени и поделени исклучиво на родителите на децата.
Донацијата е реализирана од страна на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош и Договорот за донација склучен помеѓу Општина Карпош и Алкалоид АД Скопје изгласана од Советот на Општината.
извор: pari.com.mk