
Сопственикот на еден ресторан вовел плаќање карта до објектот за секој гостин што ќе дојде да јаде, освен ако не се работи за деца.
Цената на билетот чини три евра, а причината е драстичниот раст на сите влезни трошоци – од намирници до енергија.
Хорст Ингендорн, сопственик на ресторан во германскиот град Ретингер, за WDR изјави дека нема избор.
„Месото е поскапо за 30 до 50 отсто, зеленчукот за 30 отсто. Маслото за готвење поскапе за повеќе од 100 отсто, а трошоците за енергија за 2.000 отсто“, се пожали тој.
Наместо да го сменам менито и да ја зголемам цената на водата и другите услуги, решив да ги воведам тие три евра“, објаснува германскиот угостител.
„Гостите со кои разговарав го разбираат тоа и мислам дека отвореноста и искреноста се всушност прилично добри“, вели Ингендорн.