Силен дожд проследен со ветар и грмотевици, а некаде и со град денеска зафати делови од земјава, поплавувајќи улици, а во Скопје делови од градот останаа без струја повеќе од еден час.
Како што соопштија од Центарот за управување со кризи на нивната Фејсбук страница, превентивената препорака, односно апелот до граѓаните за внимателност заради силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд – се уште постои.
Денеска уште од претпладневните часови има нестабилност во западните делови од земјава, најпрво во Охридско-Преспанскиот регион, а потоа интензивна линија на нестабилност се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија. Од појави се забележани пороен дожд, интензивни електрични празнења, како и појава на град во Полошко, известија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Покрај силен и голем град што паднал во Лозово, во Тетово улиците, одредени подвозници и пониските дворови се речиси целосно поплавени, а и подрумите и приземјата на повеќе куќи.
Од ЦУК посочуваат дека регионалниот центар за управувањесо кризи РЦУК Тетово со дел од своите вработени е на терен и иницираше преку директен контакт со грдоначалникот на Општина Тетово свикување на локалниот Главен штаб за управување со кризи на Општина Тетово. Инаку, на терен со пумпи за испумпување на водата од критични места и помош на граѓаните се излезени Територијалната противпожарна единица и од ДЗС Тетово, припадници од МВР за регулирање на сообраќајот особено таму каде не може да се помине под поплавени подвозници.
(Фото: Фејсбук ЦУК)
Нестабилната облачна маса ги зафати и западните делови од Скопската Котлина, каде што, исто така, имаше пороен дожд и грмежи, а краткотрајно се можни и поинтензивни просеци со град и силен ветер.
До крајот на денот нестабилно ќе биде во поголем дел од земјава, наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Од 1 мај во Германија стапуваат на сила нови правила за управување со биоотпадот, со кои значително ќе се зголеми контролата врз неговиот состав. Главната цел на новата регулатива е да се намали присуството на несоодветни материјали во кантите за биоотпад, како што се пластика, стакло, метал и други материи што не се разградуваат природно.
Келнери, готвачи, негуватели на деца и стари лица, аргати на нива и други привремени работници наскоро ќе можат да бидат ангажирани легално, со платени придонеси, според новиот предлог-закон кој се разгледува во Собранието. Целта е да се намали неформалната економија и да се обезбеди социјална заштита за работниците.
Британската влада објави список на земји чии граѓани по април ќе можат да аплицираат за електронска дозвола за патување (ЕТА), и на земји чии граѓани не треба да вадат такви дозволи.
Македонските туристи годинава се соочуваат со значително зголемување на цените за летните аранжмани во Грција, што е една од најпопуларните дестинации за одмор.
До сабота (15 март) ќе дува силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина дури до околу 80 км/час). И во Скопје и околината повремено ќе дува силен ветер од јужен и од југоисточлен правец, вели метеорологот Славчо Попоски.
We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more