
Дел од корисниците од селата Долно Лисиче и Јурумлери, како и населбата Гоце Делчев, утре од 7:30 до 13:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Утре од 13:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Петровец, Катланово, Брезица и Летевци.
В недела од 3:00 до 5:00 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од населбата Илинден и селото Јурумлери.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.
скопјеинфо.мк