
Сè повеќе училишта се соочуваат со недостиг на професори, особено по математика и физика. Иако школската година е почната, за овој проблем училишта уште бараат решение. Наставници бараат и родители со повици на социјалните мрежи. Велат проблем има и во основните и во средните стручни училишта, па потребен е кадар по одделенска настава, по математика, физика, хемија, германски …
„Нова Македонија“ веќе пишуваше дека низ годините се забележува пад во интересот за студирање на предметот математика иако е една од фундаменталните науки, што е дел од проблемот за недостиг на наставници.
Од Министерството за образование и наука (МОН) посочија дека долги години наназад земјата се соочува со недостиг на наставен кадар по математика, хемија, физика… Велат дека постапките за ангажирање на наставници ги спроведуваат самите училишта и во јавните огласи кои ги објавуваат секогаш се наведуваат условите кои апликантите треба да ги исполнуваат.
Целата содржина прочитајте ја на novamakedonija.com.mk