![Италија ја укинува обврската за носење маски во јавниот превоз](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/46/c541fe64-resize-820x0x100.jpg)
Италијанците повеќе нема да бидат задолжени да носат маски во јавниот превоз, соопшти Министерството за здравство.
Во соопштението се наведува дека условот за носење маски во возовите, автобусите и траектите, кој истекува денеска, нема да се обнови. Маските остануваат задолжителни само за болниците и домовите за стари лица.
Италија е една од земјите што беше најтешко погодена од коронавирусот. Смртните случаи поврзани со Ковид таму надминаа 177.000 од почетокот на пандемијата во 2020 година.