
Канцелариите и продавниците во Париз, главниот град на Франција, ќе ги гаснат светлата по работното време.
Со одлуката на градот Париз да штеди електрична енергија, од денеска канцелариите и продавниците во Париз ќе ги гасат светлата на крајот од работното време.
Одлуката се однесува на дигиталните екрани во излозите и осветлувањето.
France Bleu, мрежа на локални и регионални радио станици во Франција, соопшти дека компаниите кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат казнети од 750 до 1.500 евра.
Рекламните билборди, за кои е надлежен градот, ќе бидат исклучени од 1 декември во периодот од 23:45 до 6 часот.
Извор: biznisinfo.mk