
Иако на многумина први асоцијации им се САД и Германија, не станува збор за ниедна од овие земји.
Би можело да ве интересира: Внимавајте при купување половно возило: Ова се топ 10 автомобили кај кои најчесто се враќа километражата
Првиот автопат на светот, „Autostrada dei Laghi“, е изграден во Италија во 1924-та година, а ги поврзувал градовите Милано и Варезе. Поголем дел од оваа рута е активна и денес, иако е интегрирана во автопатите „A-8“ и „A-9“.
Инженерот Пјеро Пурицели го замислил автопатот како „пат само за автомобили“, односно резервиран за брз сообраќај (без кочии и пешаци) и со плаќање на патарина за покривање на трошоците за изградба и управување.
Навистина футуристичка идеја, бидејќи во тоа време на патиштата имало малку автомобили. Пурицели во 1921-ва година добил овластување од државата некои негови проекти да се прогласат за општокорисни, односно добил дозвола да може да ги реализира.
И покрај бирократските и правни одолговлекувања, ја завршил првата делница од модерниот автопат долг 49 километри за само 15 месеци.