
Семејството Кардашијан решиле да им дадат шанса на сите оние студенти кои поседуваат сопствена кола, живеат во Лос Анџелес и се слободни да работат три дена во неделата. Станува збор за понеделник, среда и петок од 9 и пол до 6 попладне. Работата вклучува помагање околу децата и домашните миленици, како и купување на намирници.
Овој работен ангажман нема да резултира со плата, но најпознатото семејство ќе вложи во образованието на избраниот кандидат.
Огласот предизвикал низа негативни коментари и повеќето се прашуваат дали ваквиот ангажман е воопшто легален. Други сметаат дека ова е само смешен начин на кој семејството бара "слуга". И покрај тоа, се претпоставува дека има многу млади кои би сакале да бидат во близина на позната личност и кои на ова ќе гледаат како можност да дојдат до сопствена слава.