
Македонско – германска мешовита комисија за транспорт составена од претставници од надлежните министерства се согласија за поголема соработка меѓу Македонија и Германија со цел развој на товарниот транспорт.
На средбата се потпиша Протокол во кој е предвидено зголемување на контингентот на дозволи со што ќе придонесеме за унапредување и продлабочување на стопанската соработка помеѓу двете земји.
Зголемување на контингентот на дозволи за превоз во товарниот транспорт се однесува за следните категории: билатерала, транзит и за и од трети земји.