
Нашето тело знае кога треба да биде будно и да јаде и кога треба да спие и да одмара. Голем број истражувања покажуваат дека со јадењето доцна навечер не можете да имате никакви придобивки.
Со внесувањето на храна навечер вие ги збунувате вашите органи и правите храната да не ви биде преработена како што треба. Ваквиот начин на конзумирање предизвикува проблеми со нивото на шеќер во крвта, и поради тоа телото складира повеќе маснотии од вообичаеното.
Меѓу другото, внесувањето на храна во доцните вечерни часови ќе придонесе кон покачување на телесната тежина и зголемување на нивото на холстерол во крвта.
Се препорачува со обилните оброци да завршите најкасно од 19:00 часот и да избегнувате да јадете барем 2 часа пред спиење. Конзумирајте калорични оброци наутро и истите избегнувајте ги навечер како би ја намалиле опасноста од срцев или мозочен удар.