
Славчо Попоски ја објави првичната есенска временска прогноза.
„Судејќи барем според моменталните анализи со кој ние располагаме, во текот на есента на Балканот доаѓаат нови временски непогоди и поплави. Можни се дури слични катастрофални поплави кои неодамна ја зафатија Словенија, каде имаше и човечки жртви.
Од оваа временска непогода ќе биде погоден целиот регион, па и Македонија, каде се очекуваат почести и поинтензивни врнежи.
Како што ќе навлегуваме во есента се подлабоко и подлабоко, исто така ќе растат и условите за се почести врнежи од снег во Алпскиот регион, па и на највисоките планини на балканот.
Апелираме властите во регионот и во Македонија навремено да се подготват за евентуални вакви силни временски непогоди кои ги најавуваме за претстојната есен“, напиша тој.