
Полицијата истражува чистачка која незаконски им наплаќала на посетителите да го користат бесплатниот тоалет на „Канстатер фолкфест“ во Штутгарт и на тој начин „заработила“ неколку илјади евра.
Порталот Stuttgarter-Nachrichten пишува дека чистачката е уапсена и осомничена дека незаконски се збогатувала. Жената била уапсена од полицајци во цивил.
Полицијата: Ова е неприфатливо
Полициската управа во Штутгарт на социјалната мрежа Х објави случај на нелегална заработка на фестивалот. Објави и фотографија од заработката на чистачката.
Чистачката ги терала луѓето да плаќаат за користење на бесплатниот тоалет и со тоа заработила неколку илјади евра. „Ова е недозволиво. Жената е уапсена и водиме истрага“, соопштија од полицијата.