
Воздухот во Скопје е меѓу најзагадените во светот, а според онлајн платформата „Ај-кју-ер“ утринава главниот град е меѓу првите 20 на листата. Според податоците објавени на веб-страницата во 10 часот, индексот на загаденост изнесува 95 и Скопје е рангирано на 17 место.
Според податоците, во воздухот е измерена значителна количина на ПМ 2,5 честички, односно шест пати над дозволената граница според стандардите на Светската здравствена организација.

Скопје во текот на ноќта беше меѓу првите десет најзагадени градови на „Ај-кју-ер“, а први на листата во континуитет се Делхи, Индија и Карачи, Пакистан.