
По повод претстојните божиќни празници, утре (сабота), задутре (недела) и во понеделник, сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во Дирекцијата ќе продолжи на 09.01.2024 година (вторник) со вообичаено работно време.
Депото на „Пајак“ службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.