
Во Македонија ни доаѓа промена на времето кое носи минусни температури.
Утре ќе има повремени врнежи од дожд на пониските места, од снег на планините, а во северните делови понекаде врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места.
Утре попладне се очекува врнежите да престанат, а во северните и источните делови се очекува и снег на пониските места.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен во текот на утрешниот ден и кон крајот на работната недела и ова ќе предизвика значително заладување веќе од петок каде се очекуваат температури до -8 степени.