
Поради поставување заштитна мрежа на Регионалниот пат Р1102, делницата Велес – Градско денеска и утре ќе биде затворена за сообраќај од 9:00 до 16:00 часот.
Како што информира АМСМ, на патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за автобуси, додека за другите возила е задолжителна зимска опрема (синџири).
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.