
Приватните превозници од понеделник нема да сообраќаат во Скопје. Ќе превезуваат патници од 5 до 10 часот наутро и потоа ќе се вратат во гаражите, но нема да протестираат.
Не се работи само за плати, велат превозниците, туку и останатите трошоци за сообраќање на градските линии во Скопје. Затоа од понеделник наутро ќе се исклучат и градот повторно ќе остане без приватни превозници.
Пред повеќе од една година метрополата остана без јавен превоз откако приватните превозници неколку месеци не возеа, а нивните автобуси беа паркирани по булеварите. Пред четири месеци и вработените во ЈСП со двочасовен прекин запреа со работа поради доцнење на плата.