
– Директорката на државниот испитен центар Билјана Михајловска денеска на прес конференција информираше дека годинашната средна оценка на матурата е 3,25 и како што потенцираше, иако е пониска од претходните години, сепак е одлична оценка по однос на објективноста.
Оценката можеби е малку пониска, меѓутоа споредено со она што сме го имале минатата година како начин на фунцкионирање, можам да кажам дека е одлична оценка по однос на објективноста, рече Михајловска.
Минстерката Весна Јаневска, најади дека со оглед дека полагањето во големи простории дало резултати, ќе се разговара универзитетите да ги отстапат амфитеатрите, а да има и блокатари за да не може да се користат телефоните. Јаневска додаде и дека ќе се правт законски измени со кои ќе се овозможи тестаторите да бидат наградени, но и санкционирани.