
УХМР информира дека под влијание на циклонска активност од исток, следните денови во попладневните и вечерните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Особено поинтензивни процесите ќе бидат во четврток и петок кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Во Скопје од утре до петок ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
УХМР препорачува поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.