
Во текот на денот времето во Скопје ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Дневната температура ќе се искачи до 20 степени.
За утре синоптичарите најавуваат студено утро и претежно сончево време во текот на денот. По одделни котлини се очекува појава на утринска магла или ниска облачност. Во текот на денот ќе дува и слаб ветер од јужен правец. Температурата утре ќе биде до 23 степени.