Скопје се најде на врвот на листата објавена од „Express“ како најевтина алтернатива дестинација за посета во 2025 година.
Според објавата, во Скопје може да купите капучино, точено локално пиво или безалкохолен пијалак за помалку од 2 евра.
Како атракции кои туристите мора да ги посетат се издвојуваат Националната галерија, Скопската чаршија, како и тврдината Кале.
„Во стариот град ќе најдете чајџилници, џамии и независни продавници. За најдобриот избор за храна и барови, упатете се во Дебар Маало“ се вели во објавата.
По Скопје на листата следува Тбилиси во Грузија, на третото место е Сараево во Босна и Херцеговина, по што следуваат Истанбул во Турција и Софија во Бугарија.
Извор: trn.mk