
Нискобуџетната компанија „Изиџет“, планира враќање во Македонија, но само со линијата Скопје – Париз. Истата компанија минатиот месец престана да лета од Женева до Скопје.
Од Скопје ќе се лета до Париз почнувајќи од пролет, односно на аеродромот „Орли“ кој е 20 километри од главниот француски град. Сега има линија на „Визер“ до Париз, но до аеродромот „Буве“ кој е 90 километри подалеку од Париз.
Минатата година „Визер“ превел 39.918 патници од Скопје до Париз.
Извор: mk.tv21.tv