
Продолжениот викенд го испразни Скопје! Несомнено, споените три дена повеќето ги искористија да заминат некаде подалку од главниот град. Една од причините е и да се избегне загадениот воздух!
Некои заминаа на снег и рекреација, други го искористија викендот за посета на некој од предновогодишните и божиќните базари во соседните земји или низ Европа...
Оние кои останаа велат дека, особено денеска, градот е празен.
Туристичките агенции веќе ги објавија и турите за дочек на новогодишната ноќ.