Многу Хрвати деновиве масовно одат на шопинг во Словенија, пред се во градот Брежице, откако минатата недела низ Хрватска беше организиран бојкот на продавници, пекари и трговски центри во таа земја поради високите цени, објавија хрватските медиуми.
Доказ дека Хрватите масовно оделе преку граница се сцените кои Хрватите ги снимиле во продавниците и паркинзите во Словенија во последните денови, пренесува порталот Index.hr.
Хрватски државјанин кој редовно оди на шопинг во Брежице изјави дека тамошниот паркинг во петокот бил полн со автомобили со хрватски регистрации.
Како што јави РТЛ, на паркингот на трговски центар во Брежице, на само 40 километри од Загреб, викендот имало многу возила со загрепски регистарски таблички.
Во Хрватска во петокот беше организиран бојкот на продавници, трговски ланци и бензински пумпи поради постојаниот раст на цените, јавува Танјуг.
Извор: vecer.press