
Британскиот институт за Антарктик, преку својата веб страница бара работници за своите истражувачки станици.
Се бараат готвачи, столари, електричари, водоинсталатери, бродски работници, оператори на погони и други работници.
Заинтересираните може да заработуваат и до 66.000 евра годишно. Сместувањето, храната, патувањето и специјалната облека се на товарот на работодавачот.
Местото на работа е на студениот Антарктик.
„Успешните кандидати ќе работат на некои од најоддалечените места на Земјата, градејќи доживотни пријателсва и придонесувајќи за науката која е важна за разбирање на нашиот променлив свет“, велат од Институтот.