
Франција е на првото место на листата на земји што ги посетуваат најмногу туристи на годишно ниво, со 89,4 милиони посетители во период од една година, пренесува Економи Мидл Ист.
Земјата има дури 45 места на светското наследство на УНЕСКО, нејзиниот главен град, Париз, е еден од најпознатите градови во светот – не е ни чудо што луѓето толку многу сакаат да ја посетуваат.
Франција е позната по својата прекрасна природа, прекрасните крајбрежни градови и живописните урбани средини.
Според податоците на Статиста, француската престолнина Париз во 2023 година ја посетиле речиси 30 милиони туристи – повеќе од една третина од вкупниот број посетители во земјата.
Ако се земе предвид вкупниот број на пристигнувања на туристи во Париз и регионот Ил де Франс, бројката се зголемува на приближно 48 милиони, според Статиста.
Богатата историја на Франција, прекрасната архитектура и неверојатните природни пејзажи ја прават популарно место за одмор.
Се чини дека Франција има сè што може да посака еден турист, од скијачки центри до совршени плажи.
На второ место е Шпанија, која во 2024 година ја посетиле дури 83,7 милиони туристи. Ова е трета година по ред како земјата е рангирана на второто место – позната е по релаксирачките одмори на сонце, но и по возбудливите градови за истражување.
На трето место се Соединетите Американски Држави, потоа Кина, Италија, Турција, Мексико, Тајланд, Германија и на десетто место е Велика Британија.
Извор: mkd.mk