
ГОДИНАВА ЌЕ ЗАВРШИ ИЗГРАДБАТА
Со должина од 32 метри, капацитет за 250 патници и тежина од 100 тони, водите на Охридското Езеро наскоро ќе ги сече уште еден модерен брод, најголем во езерото.
– Станува збор за уште еден модерен пловен објект, изграден по сите светски стандарди, карактеристичен по неговите два трупа, кои ќе му овозможат поголема брзина, стабилност и безбедност – објави порталот ОхридПрес.
Проектот е на инженерот Александар Ѓорѓевиќ од Белград, а се изведува под надзор на „Биро Веритас“, француската компанија која го одобри и ја контролира целата изведба.
– Неофицијално, бродот треба да биде завршен годинава, со што ќе заврши изградбата која трае повеќе од пет години – наведува порталот.