
Под влијание на веќе споменатата поларна воздушна маса која се спушта директно од Русија кон нашата Република Македонија, до крајот на неделава останува екстремно ладно, особено наутро кога температурите насекаде ќе бидат негативни, односно под нулата.
Под влијание на веќе споменатата поларна воздушна маса која се спушта директно од Русија кон нашата Република Македонија, до крајот на неделава останува екстремно ладно, особено наутро кога температурите насекаде ќе бидат негативни, односно под нулата. На повеќе места температурата ќе се спушта до околу, па и под -10 степени, во делови од Македонија и до околу -15 степени, а во повисоките населени места, планините, и секако, Скијачките центри тие ќе се спуштаат под -15 степени, односно, до околу -20 степени.
Во Скопје и околината исто така ќе имаме многу ладно време, особено наутро кога температурата ќе се спушта до околу -10 степени.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат за неколку степени над нулата, а особено во повисоките населени и планински места, како и на Скијачките центри тие ќе останат негативни и преку ден, односно под нулата. Во најтоплите југоисточни предели температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од останатите предели од нашата Македонија, односно тие ќе се искачуваат до околу 8/9 степени.
Позначително зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и од снег барем одсега гледано ќе имаме во недела (23 ноември).