
РКЕ ќе воведе читање на броилата секој месец поради сомнежите за јануарски сметки за струја. Ќе оди и во инспекција по домови кои дале приговор за да види дали има проблеми со броилата. Сепак високите сметки ќе мора да се платат, па ако утврдат нерегуларности парите ќе се враќаат на следни сметки.
Со оглед на големиот број поплаки од страна на граѓаните во однос на јануарските сметки за струја кои се повисоки од очекувањата утврди ли Регулаторната комисија за енергетика која е причината за овие високи сметки?
Кај одредена категорија на потрошувачи има предвидена потрошувачка и поради тоа има проблеми со сметката и таа не е таква каква што очекуваат потрошувачите и тоа е еден тип на проблеми. Втор тип на проблеми е што имаше голем дел на домаќинства кои се вратија пред новогодишните и божиќните празници, доаѓаат од странство за да си ги искористат своите денови за одмор и кај нив имаше одредени жалби.
И исто така имаше потрошувачки кои вообичаено никогаш не влегле во четвртиот блок и сега заради одредени причини влегле во четвртиот блок. Значи кога ќе се сумира се ова се трите причини заради кои имавме жалби во РКЕ и внимателно го следиме целиот процес и проактивни сме.
Конечно за да ги тргнеме сите сомневања РКЕ веќе е во завршна фаза бидејќи последниве две недели работеше на одредени анализи, имавме и некои други идеи на промена на правилата за снабдување со електрична енергија каде што ќе се читањето еднаш месечно ќе биде задолжително.
Инаку согласно европските директиви е предвидено најмалку еднаш во годината да има читање, ние во соработка со Народниот правобранител го сведовме тоа на квартал и сега одиме на месечно ниво со цел да ги расчистиме сите дилеми и да бидат сигурни потрошувачите дека плаќаат за тоа што го потрошиле.
Нема да дозволиме ниту еден потрошувач да плати повеќе 1 kw/h од тоа што реално го потрошил и во таа насока сето тоа што го преземавме ќе го реализираме за многу краток период.
Инаку до моментов некаде се околу 530 жалби пристигнати во РКЕ.