
Пред да дојде времето на празниците, сите се прашуваат кои се неработните денови и колку ќе имаат можност да одморат.
Така, на крајот на овој, а потоа и следниот месец, ни претстојат неработни денови по кои толку копнееме.
Првиот што доаѓа по мартовските денови е Рамазан Бајрам, кој паѓа на самиот крај на месецот – 31 март и се води како неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. По него следи Велигденската недела, која започнува на 18 април и ќе трае сè до понеделник, 21 април, а првиот работен ден ќе биде дури во вторник.
Потоа ни следи и Денот на трудот, 1 мај, кој оваа година паѓа во четврток. Во истиот месец се слави и Св. Кирил и Методиј, кој паѓа за викенд, на 24 мај (сабота).
По потоплите денови во јуни и јули, ни следи 8 септември, кој го одбележуваме како Ден на независноста, а оваа година паѓа во понеделник.
Веќе следниот месец доаѓа и 23 октомври, кога го славиме Денот на македонската револуционерна борба, кој оваа година паѓа во четврток.
Во декември веќе влегуваме во празничната еуфорија уште на самиот почеток, па така и понеделник, 8 декември, ќе биде неработен ден, бидејќи тогаш се слави Св. Климент Охридски.