
Разговорите со шефот речиси секогаш се непријатни, па повеќето од вработените се обидуваат да ги избегнат, но понекогаш тие се неопходни за да ги заштитите своите права и да се намали стресот што влијае на вашата продуктивност. Ова се трите нешта за кои секој вработен треба да разговара со својот шеф, и мислиме дека ќе се сложите со нив.
Разговор 1: „Јас сум преоптоварен/а со работа!“
Кога е вистинското време за овој разговор: Кога ќе се почуствувате дека имате премногу работа и многу малку време, и пред да се скршите и почнете да плачете хистерично во канцеларијата.
Разговор 2: „Јас си одам!“
Кога е вистинското време за овој разговор: Откако ќе направите план за иднината и ќе најдете нова работа. Исто така, дури и ако немате работа, потребно е да обезбедите доволно количество на пари на сметката за следните два месеца, додека се снајдете.
Разговор 3: „Сакам повисока плата!“
Кога е вистинското време за овој разговор: После некои значајни достигнувања, кои сте ги направиле за вашата фирма, или после подолго време работа, а бројките на листата за плата не се смениле.
извор: денар.мк