
Ако сте во потрага по решение за вашиот проблем со мувлата – денес е вашиот среќен ден!
Ова е еден едноставен метод за кој ви се потребни само две состојки, а кој ќе ви помогне да ја отстраните опасната мувла и непријатната миризба од машината за перење, од аглите во бањата и било кое друго место каде таа се појавува.
Постапка:
Измешајте 2 лажички масло од чајно дрво со две чаши вода. Течноста складирајте ја во шише со распрскувач.
Потоа можете да ја користите оваа смеса и да ги испрскате сите зафатени области.
Оставете смесата да делува, а потоа избришете. Навистина функционира!