![Од утре пониски цени на бензините](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/1c/6a484dc1-resize-820x0x100.jpg)
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 7,76%.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 49,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 4,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 21.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 42,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се намали за 4,00 денари за литар и ќе изнесува 42,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство(ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 30,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,178 ден/кг и ќе изнесува 16,945 ден/кг.