
„Туркиш ерлајнс“ соопшти денеска дека го продолжува до 28 мај прекинот на меѓународните и домашните летови воведени поради пандемија со коронавирусот.
Турција забрани патување во 31 најгусто населена провинција, и исто така воведе полициски час во текот на викендот.
Како дел од мерките против заразата, Турција го забрани и излегувањето од дома на граѓаните над 65 и под 20 години. Државата објави 2.900 смртни случаи и 112.261 заразени.