
Германската канцеларка Ангела Меркел на прашањето за летни одмор вчера истакна дека не може толку далеку да се гледа.
„Одењето на годишен одмор во други европски земји се уште не е на дневен ред за Германците,“ истакна Меркел.
Со оглед на тоа што во некои европски држави ситуацијата е полоша отколку во Германија, Меркел рече дека се уште не е можно да се продолжи со туризмот.
На вчерашниот состанок била разгледана и ситуацијата после првите олеснувања на мерките, односно делумното отворање на продавниците.