
Околу 140 работници се вратени на работа по направените контроли на Инспекторатот за труд. Решенијата за отказ на работодавачите се поништени, објави денеска директорот на Инспекторатот Аљајдин Хавзиу.
– Во 28 фирми донесени се 37 решенија со кои им е наложено на работодавачите да ги вратат на работа работнциите. Значи нивните решенија за отказ се поништени, рече Хавзиу на прес-конференција во Владата.
Ги повика сите работници кои имаат слична проблеми да се обратат со Државниот инспекторат за труд.