![Европска држава е близу до елиминација на коронавирусот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/18/41671d81-resize-820x0x100.jpg)
Исланд речиси го елиминираше коронавирусот бидејќи 97 отсто од заразените пациенти се опоравија.
За време на минатата недела потврдени се само два случаи, соопшти денеска исландската влада.
-Пријатно сум изненаден што дојде до многу брзо забавување на пандемијата на Исланд, изјави главниот епидемиолог во таа држава.
Сепак, потенцира дека е многу важно да бидат внимателни и да го намалат ризикот од повторно избивање на епидемијата.