
Над 300 гости и 7 интернационални предавачи во хотелот Александар Палас во Скопје ја започнаа јубилејната 10-та по ред конференција за човечки ресурси на тема “Од менаџмент со човечки ресурси – до почит кон луѓето“.
Меѓу присутните се наоѓаат претставници од речиси сите поголеми компании и институции во Македонија кои денес дојдоа со големи очекувања и желба да стекнат ново знаење за темата која станува се поатрактивна насекаде во светот.
Отворањето на конферецијата им припадна на Христина Лозаноска – Претседател на Македонската асоцијација за човечки ресурси и Дарко Велков – Директор на Вработување.ком.
Прв своите искуства, знаења и совети ќе ги пренесе Julio Gonzalez од JGHR Consulting од Италија кадешто во своето обраќање ќе зборува на темата: People side and internationalization. Mergers, Acquisitions, Integration and more…
На крајот на конференцијата ќе се доделат награди за Најдобар HR менаџер на годината и Најпосетуван огласувач на Вработување.ком.