
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во октомври оваа година, изнесува 27.899 денари, додека во бруто износ е 41.654 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 8,4%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствената и социјалната заштита (12%), Уметност, забава и рекреација (11,6%) и Преработувачка индустрија (11%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,4%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4,4%) и Стручни, научни и технички дејности (3,6%).