Aktualno
-
На децата помлади од две години треба да им се забрани времето пред екрани, велат Швеѓаните
Не е тајна дека премногу време пред екраните може да има негативно влијание врз детските мозоци во развој. Но, шведските здравствени експерти сега одат чекор понатаму и препорачуваат малите деца воопшто да не користат дигитални уреди и телевизија.
-
Ние го фрламе, додека во Данска прават бизнис од него: Килограм од овој производ во Македонија чини околу 300 денари
Веќе е општопознато дека Скандинавците се лидери во одржливиот развој и заштитата на животната средина. Норвешка веќе дозволува крстарења со еколошки бродови, Шведска толку „избезумено“ рециклира ѓубре па го снемува и мора да се увезува од други земји, додека во Данска, меѓу останатото, смислија и нешто друго.
-
Сакате да започнете бизнис со фитнес центар? Ова е сè што треба да знаете!
Отворањето на фитнес центар е одлична можност за оние кои сакаат здравје и фитнес, но и за претприемачи. Со растечкиот интерес за здравјето, побарувачката за фитнес услуги е во пораст. Сепак, отворањето на фитнес центар бара добро планирање, финансии и разбирање на индустријата. Овој водич ќе ве води низ основните чекори за успешно отворање на фитнес бизнис.
-
НА AMAZON МУ ПРЕКИПЕ: Сите вработени назад на работните места, работа од дома само во одредени околности
Главниот извршен директор на Амазон, Енди Џеси, во понеделникот објави полно работно време во канцеларијата за вработените во Амазон, нагласувајќи ги придобивките од личното работење, објави германската новинска агенција dpa.
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
Забраната за издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во три квартови во строгиот центар на Атина ќе остане на сила најмалку една година, објави денеска грчката влада, истовремено зголемувајќи го данокот за изнајмување на такво сместување за одмор.
-
Јапонија има повеќе од 95.000 стогодишници, а 90 отсто од нив се жени
Јапонија има нов рекорд за долговечност со повеќе од 95.000 луѓе на возраст од 100 или повеќе години, од кои речиси 90 отсто се жени, покажуваат владините податоци.
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска и утре е пријавувањето во вториот рок за упис во прва година додипломски студии за учебната 2024/2025 година. По првиот уписен рок на 29 и 30 август, слободни места има на речиси сите факултети во состав на Скопскиот универзитет.
-
Србија го враќа воениот рок: Кој друг во Европа се одлучи на истиот чекор?
Промените што се случуваат во Европа принудија многу земји да размислуваат за повторно воведување на воен рок.
-
И тоа го има на Балканот: Компанија на работниците им доделува 20.000 евра за да си купат стан
Компанија од Црна Гора им дава пари на своите вработени за да ги со решат станбеното прашање, јавуваат црногорските медиуми.
-
Опаѓа бројот на дипломци, магистри и доктори што бараат работа
Од евидентираните невработени лица со високо образование, најбројни се невработени лица од профилот дипломиран економист, дипломиран правник, дипломиран правник (180 ЕКТС) и дипломиран психолог, велат за Мета.мк од АВРСМ
-
Еве кои прекршоци ги евидентираат сообраќајните камери: Ако ве закачи камерата во Белград, ова се казните што ќе мора да ги платите
Системот за автоматско откривање на прекршоци за надминување на дозволената брзина вчера почна со примена на четири локации во Белград, каде дозволената брзина на движење на возилата е ограничена на 50 километри на час. Станува збор за четири сообраќајни раскрсници во Белград, а освен овој систем, прекршоци откриваат и сообраќајните камери во Белград, а што снимаат открива порталот Nova.rs.
-
Колку години ви треба за странска пензија?
Само пет години работен стаж во Германија е доволен за остварување на правото на пензија
-
КАФЕТО ПОСКАПУВА: Виетнамците се откажуваат од производство
Поскапува кафето на берзите.
-
СУШНО ЛЕТО: Како земјоделците да се прилагодат на промените?
Годинава имаме сушно лето, а тоа им отвора многу работа на земјоделците и мораат да наводнуваат на два-три дена.
-
Од полноќ поевтинуваат горивата од половина до денар ипол
Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), eуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, eуросупер БС-98 за еден денар, а дизелот и eкстра лесното масло за домаќинство за денар ипол.
-
Бидете присутни на пазарот на трудот - Единствена можност за само еден месец!
Долгоочекуваниот Employer Branding настан е веднаш зад аголот, подгответе се да се зајакнете како посакуван работодавач
-
Предвидено е да има 154 ката – се гради нова највисока станбена зграда во светот
Во крајбрежниот град Балнеарио Камбори во Санта Катарина на југот на Бразил, во тек е револуционерен проект кој ќе собори рекорди.
-
Еве кој модел на iPhone 16 беше најпродаван првиот викенд
Заснована на својата анализа за временска испорака која се менува на официјалната веб-страница на Apple за нарачки во САД, аналитичарот Минг-чи Куо верува дека Apple забележува помала побарувачка за најмоќните модели на iPhone 16, додека продажбата на стандардните iPhone 16 и iPhone 16 Plus е поголема.
-
Еден час разговор со психолог надмина 50 евра?
Растот на цената на сеансите кај психолог стана сериозен проблем за многу граѓани. Според последните информации, една сеанса сега чини 3.500 денари, што многумина сметаат дека е премногу скапо, особено во време кога проблемите со менталното здравје се зголемуваат.
-
БОГАТИТЕ БЕГААТ ОД ОВИЕ ЗЕМЈИ - еве кои сега најмногу ги привлекуваат
Во годишниот извештај за глобалната распределба на личното богатство (Global Wealth Report 2024), банкарската групација UBS презентираше дел од истражувањето за брзиот раст на доларските милионери на планетата.
-
МВР со потсетување: Променете ги возачките дозволи со старото име на државата
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31.12.2024 година.
-
„Пајакот“ во Центар минатата недела крена 94 возила
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 09.09. до 15.09.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 94 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
-
Како циклоните ги добиваат своите имиња? Актуелната бура „Борис“ ја пустоши Источна и Централна Европа
Деновиве сме сведоци на погубните последици што ги остави зад себе циклонот Борис кој ја опустоши Источна и Централна Европа.
-
Хрватска се соочува со недостиг на лимони, цените дивеат – промена на состојбата не се очекува во догледно време
Има изненадувачки наплив на купувачи на најголемиот пазар Долац во Загреб.
-
СТУДЕН СЕПТЕМВРИ: Планирате море, а Европа мрзне! Какви се температурите на морето по заладувањето?
Силен циклон донесе големо заладување, многу обилни врнежи и поплави во Централна Европа. Снег вее и на планините.
-
Охрид е (пре)скап и во септември – туристи има, ама не им се трошат пари
Охрид, познат по својата убавина и културно наследство, секоја година привлекува голем број туристи кои сакаат да ја искусат магијата на ова езерско место.
-
Музички поздрав дома: Инженерката и астронаут Сара Гилис, првата личност што свиреше виолина во вселената
Инженерката и астронаут Сара Гилис, член на екипажот на SpaceX, влезе во историјата како првата личност што свирела на виолина во вселената, изведувајќи ја „The Reina’s Theme“ од „Star Wars: The Force Awakens“.
-
Европа целосно се затвора: Се воведуваат радикални правила
Европа се доближува до нерегулираната имиграција, при што многу земји воведоа нови правила за „регулирање“ на миграцијата, одејќи дотаму што бараат изземања од политиката на ЕУ за азил и миграција.
-
И нашите работници сакаат повисоки плати, во регионот минималецот веќе е над 400 евра
Работниците во Македонија кои се „на минимална плата“ добиваат 367 евра месечно. За разлика од кај нас во земјите од регионот минималецот веќе е над 400 евра.
-
Грчка компанија го укинува летот Скопје-Сараево од 29 ноември
Грчката авиокомпанија „Ејџијан ерлајнс“ од 29 ноември ќе ги прекине летови меѓу Скопје и Сараево, по повеќе од една година оперирањето на оваа релација, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“.
-
Падна снег во Босна и Херцеговина
Снег падна синоќа на Бјелашница и Јахорина, олимписките планини околу Сараево, како и на планината Влашиќ, во општина Травник, пренесува Бета.
-
Квадрат куќа на Црногорското приморје чини до 5.000 евра, ама парите се враќаат ако се издава
За куќа од 60 квадратни метри во Будва, која е далеку од плажа треба да се платат најмалку 120.000 евра. Од популарните туристички места најевтини се недвижнините во Херцег Нови. Агентите за недвижности велат дека вреди да се купи стан или куќа на море за да се издава, зашто за три месеци ќе се обезбедат ратите за кредит за цела година, а освен тоа цените растат, па можат да се продадат поскапо
-
Ни пропаѓаат Водици, Илинден, 11 Октомври… – помалку продолжени викенди и неработни денови во 2025 година
До крајот на годината нè oчекуваат уште неколку неработни денови и продолжени викенди.
-
К-15 годинава ќе добијат сите, едни 11.000, а други 16.800 денари!
За приватниот сектор, К-15 изнесува 40 отсто од просечната плата исплатена во последните три месеци, односно 16.800 денари
-
„Најштедливата жена во земјата“ откри како до 34-годишна возраст купила три куќи и отворила кафуле
Саки Тамогами (39) е позната како „најштедливата жена во Јапонија“ откако ја постигна целта да купи три куќи за помалку од 15 години, пренесува 8days.
-
Три најдобри земји за пензионери, во Европа само една
Списанието International Living собира информации за трошоците за живот, сместувањето, квалитетот на здравствената заштита, визниот режим, климата и инфраструктурата и ги рангира земјите според нивната привлечност за странските пензионери.
-
Размислувате дали ви треба iPhone 16? Овој водич ќе ви помогне да изберете
Apple ќе ја претстави серијата iPhone 16, која носи многу подобрувања.
-
Што е потребно за да бидете сопственик на успешен мал бизнис?
За да успее во бизнисот, сопственикот мора да биде флексибилен и да има вештини за справување со секакви ситуации. Претпоставка е мислењето дека треба да се претворите во компјутери, или дека ќе почнете да правите пари веднаш штом вашиот бизнис влезе на пазарот.
-
Дали имате право на К-15 ако сте вработени на определено време?
Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот
-
Пред 10 години купија станови во Грција за 20.000, а сега ги продаваат за 120.000 евра
Го направија вистинскиот чекор пред 10 години – сега земаат по 120.000 евра
-
На „Богородица“ и денес гужва – се чека и до еден час за плажа и шопинг
На граничните премини Табановце и Богородица за излез од Македонија се чека повеќе од 40 минути, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Камерите покажуваат зголемена фреквенција на возила кои ја минуваат границата и влегуваат во Србија и Грција.
-
ОД ЛЕТО, ДИРЕКТНО НА ЗИМА: Температурите на Балканот драстично паднаа, а на многу места пристигна и првиот снег
Наглата и огромна промена на времето пристигна на Балканот, снег падна на планините во Словенија и во Хрватска, додека деновиве се очекува снег да падне и на планините во Босна како и во Црна Гора, а не се исклучува можноста да побелат планините и во соседна Србија, вели метеорологот Славчо Попоски.
-
Дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци?
Уставниот суд го задолжил генералниот секретар да се обрати до Министерството за образование и наука, Град Скопје и до ЈСП со цел да ги обезбеди неопходните податоци и информации за тоа дали се извршува одлуката и средношколците од приватните училишта да имаат право на бесплатен превоз, а не само оние од државните средни училишта.
-
Успешни бизнис приказни има и во Македонија
Кога се зборува за светски компании кои започнале од ништо и успеале, како на пример приказната за италијанската Ferrero, или пак технолошките гиганти на Стив Џобс и Елон Маск, многумина би помислиле дека таквите приказни може да се случат само некаде надвор од Македонија, но не и кај нас. Ако малку се обидеме да ја видиме историјата кај нас може да најдеме примери на компании коишто, почнале од нула и се синоним за квалитет и лидер во секторот во кој работат.
-
ПЕНЗИОНЕРИТЕ ЌЕ ДОБИВААТ ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ, но не е спорна само висината на пензиите, туку и нивниот статус во општеството
На први октомври и на први април, по 2.500 денари ќе легнат на пензионерските сметки. На 14. седница на Собранието, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка, беше изгласан со 78 гласа „за“. Со усвоените измени, ќе има линеарно зголемување од вкупно 5.000 денари со цел, како што велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади, обезбедување пораст на животниот стандард и подобар и поквалитетен живот на пензионерите.
-
Турците и понатаму најмногубројни, пораснал и бројот на посетите од Србија
Зголемен бројот на странските туристи
-
Каде на одмор во октомври по поволни цени?
Кога ќе дојде септември оние кои веќе биле на одмор размислуваат за некоја есенска екскурзија а оние кои одат во текот на овој месец едвај чекаат да одат на море и да ги искористат последните денови од летото. Но што е со оние кои кои сеуште немаат искористено одмор?
-
Компанија нуди бесмртност за 220.000 долари: На листата на чекање веќе има 650 луѓе
„Tomorrow Bio“ нуди можност за продолжување на животот со надеж дека зачуваните тела можат да се оживеат кога науката ќе го овозможи тоа.
-
И Албанија почна да ни ги „краде“ младите работници – платите достигнуваат и до 3.000 евра
Во последните години, Албанија доживува значителен економски напредок, што се манифестира преку интензивна градежна активност и туристички развој.
-
Ново поскапување за 100 евра – Дом за стари лица или хотел со 5 ѕвезди?
Скопјани се соочуваат со ново поскапување на поголемиот дел од приватните домови за стари лица, што предизвика бран на незадоволство меѓу граѓаните чии роднини се сместени во такви установи.
-
Здраво, петок 13ти: Дали знаете што е „параскевидекатриафобија“ и како можете да „заработите“ продолжен викенд користејќи го овој термин?
Многумина имаат мнение дека кога тринаесетиот ден во месецот ќе се падне во петок, тогаш тој ден е малерозен. Ако и вам ви создава неубаво чувство, тогаш веројатно имате страв од петок 13. – параскевидекатриафобија, пишува британскиот „Телеграф“.
-
Земјоделците можат да ги брендираат своите производи
Земјоделците, преработувачите или трговците можат да ги брендираат, односно да ги заштитат своите производи на пазарот. За изработката на елаборатите и спецификација за регистрација на производот можат да побараат помош од Програмата за рурален развој за 2024 година …
-
Избегнат судир на два авиона над Скопје – АЦВ започна истрага
Според сајтот за следење летови Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот, пренесува сдк.мк. Станува збор за авионот на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ за Лондон.
-
Падна првиот снег и во Хрватска: Вклучени се сите метеоролошки аларми на Јадранот, се закануваат и поплави
Утрото во Хрватска на Платка падна првиот снег годинава.
-
ВО СРБИЈА ИМА ДОБРО ПЛАТЕНА РАБОТА И НЕМА КОЈ ДА ЈА РАБОТИ: Даваат плата и до 2.000 евра
Тоа го поткрепува и тоа што оваа професија била вклучена и во списокот на дефицитарни занимања што го објави Владата на Србија, поточно на Конкурсот за запишување ученици во прво одделение од средните училишта.
-
Од 1 ноември граѓаните ќе добијат уште еден час евтина струја!
Граѓаните, наместо до 15:00 часот, ќе може да перат и да готват на евтина струја до 16:00 часот. Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните анализи за воведување дополнителен час на евтина тарифа во текот на денот. Предвидено е да започне ова на 1 ноември. Дотогаш останува евтината тарифа во ноќните часови, односно од 22:00 до 7:00 часот наутро и 24 часа во недела.
-
Македонија во јули ја посетиле 53.296 турски туристи
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2024 година изнесува 204 336, од кои 41.8 % се домашни туристи, а 58.2 % се странски туристи.
-
КРИЗАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОМОБИЛСКА ИНДУСТРИЈА ЗЕМА ЗАМАВ: Фолксваген ќе затвора фабрики, БМВ повлекува илјадници возила поради лоши сопирачки
Германските производители на автомобили тонат се подлабоко во криза што ја поткопува иднината на најважната индустрија во земјата, при што BMW AG предупредува дека профитот ќе биде погоден од скап проблем со сопирачките, а Volkswagen AG ја укинува заштитата на работните места што работниците ги уживаа три децении.
-
Утре дожд и грмежи, од недела опаѓање на температурите
Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд - над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер - над 70 километри на час.
-
Прв од ваков вид во светот: Во Македонија е конструиран првиот робот диџеј со вештачка интелигенција
Робот диџејот - Алшар имаше премиера изминатиот викенд во клубот Rebel во Охрид
-
Колкава плата е потребна за добар живот во европските метрополи?
Добрата плата може многу да варира во зависност од професијата, образованието и личните очекувања на поединецот. „Euronews Business“ подетално го разгледува она што ја прави добрата плата во главните европски метрополи
-
„Му побарале 200 евра за оброк кој чинел 800 денари“ – време е да се формира туристичка полиција?
Македонија, земја со богато културно наследство и природни убавини, се соочува со сериозен проблем кој го загрозува туристичкиот сектор.
-
Договор за партнерство помеѓу Нелт СТ и УНИЦЕФ
На 06.09 во Скопје, со потпишување на договорот за партнерство и официјално беше означен почетокот на соработката помеѓу компанијата Нелт и УНИЦЕФ на пазарот на Северна Македонија. Иницијативата ќе биде насочена кон подобрување на вештините на учениците од стручното образование преку практична настава, со фокус на развој на зелени вештини и нивна соодветна подготовка за пазарот на трудот.
-
Потешко е купувањето грозје од правењето вино и ракија – еве колку чини килограм
Луѓето кои имаат навика секоја година сами да си произведуваат ракија и вино овојпат се соочуваат со нов предизвик – недостиг на грозје на пазарот.
-
ХРАНАТА ШТО СМЕ ЈА ПРОИЗВЕЛЕ ТРЕБА ДА ИМА КОМУ ДА ЈА ПРОДАДЕМЕ: Земјоделците чувствуваат последици oд иселувањето
Дека има помалку народ во државата и дека иселувањето не запира, чувствуваат и земјоделците кои редовно одат на пазарите. Тие велат дека за разлика од порано, кога брзо успевале да ги продадат производите, сега има денови кога тешко им оди. Објаснуваат дека структурата на населението се менува, ама и навиките. Во градовите има помалку млади луѓе за разлика од порано, и сметаат дека младите генерации денес поретко прават зимници. Пензионерите пак се со скромни примања и го купуваат најосновното.
-
Нашите работници почнаа да одат на печалба во Албанија, платата на инженер – 3 000 евра
Освен во Хрватска, Словенија, Србија, младите од Македонија почнаа да одат на печалба и во Албанија, каде што платата на електроинженер достигнува и до 3 000 евра.
-
Добра вест за нашинците во Германија – расте минималната саатница
Со најновите промени во економската политика, македонските граѓани кои работат во Германија можат да очекуваат значително подобрување на својата финансиска состојба.
-
За три дена во Кавадарци се испиле над 27 тони вино
Жедна нација!
-
Ќе има ограничени цени за над 100 прехранбени производи!
Граѓаните веќе се истрошени и велат дека мора час поскоро да се превземат мерки.
-
Се нормализира железничкиот сообраќај по еднодневниот штрајк на машиновозачите
По еднодневен прекин на сообраќајот на возовите во земјава поради штрајкот на машиновозачите, попладнево во 14:30 часот со повторно пуштање во сообраќај на возот Скопје – Битола преку Велес и Прилеп повторно е воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, информираат за МИА од Железничката станица Велес.
-
Трошоците за живот за еден месец пораснале за 0,5 отсто
Според Државниот завод за статистика, инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2024 година, во однос на јули 2024 година, изнесува 0.5 %.
-
Тие крадат струја, а други им ги плаќаат сметките – најмногу кражби има во Скопје и во Гостивар
Во сенка на урбаниот развој и економските предизвици, Скопје и Гостивар се издвојуваат со проблем кој го потресува секојдневието на нивните жители – кражбата на струја.
-
Скапо е да се храниш со месо во Скопје, ама скапо е и да сркаш гравче во Тетово
Во време кога трошоците за живот се зголемуваат, граѓаните на Скопје се соочуваат со нов предизвик – цените на основните животни потреби, како што е храната, драстично се зголемуваат.
-
Во кои брендови најмногу веруваат возачите кога купуваат половен автомобил? Еден бренд непријатно изненадил
Американски „Consumer Reports“ направи големо истражување за доверливоста на користените автомобили.
-
Рекорден број затворања компании во Германија: Речиси 15.000 работници погодени од стечај
Германската економија продолжува да стагнира и многу компании се затвораат. Во јужна Германија истражувачите за несолвентност бележат рекордни бројки.
-
Почнува учебната година во Грција – мобилниот телефон забранет за време на наставата
Над 1,3 милиони ученици во Грција денеска се враќаат во училишните клупи, а новата учебна година започнува со десет промени, меѓу кои и забрана за користење на мобилните телефони за време на наставата,.
-
Пристигнавте на саканата дестинација, но вашите куфери не: Што да направите за да се спречи тоа да се случи, а што ако се случи?
Ако има проблем со вашиот багаж, најверојатно ќе го сфатите кога ќе застанете до линијата за прифаќање куфери.
-
Жителите на Солун тротинетите ги фрлаат во море, извлечени десетици од градското шеталиште
Десетици тротинети биле извлечени во акцијата за чистење на Солунскиот залив. Покрај тротинетите од морето биле извлечени и мотори, мобилни телефони, старо железо, батерии и отпад, јави дописничката на МИА од Атина.
-
ВИКЕНДОВ И НАРЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ БЛИЗУ 0 СТЕПЕНИ: Ќе почне ли грејната сезона порано? Еве што велат метеоролозите
По долгото и екстремно топло лето, се чини дека грејната сезона многу порано ќе ни започне и дека од куси шорцеви и маички директно ќе ги облечеме јакните. Почнувајќи од овој викенд, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат невообичаено ниски за месец септември, и тоа поради продор на многу поладен воздух од север, вели метеорологот Славчо Попоски.
-
„Визер“ ги укинува летовите од Скопје до Келн?!
За честите патници меѓу Скопје и Келн, има разочарувачки вести - почнувајќи од ноември 2024 година, директните летови на оваа популарна рута веќе нема да бидат достапни. На официјалната страна на „Визер“ може да се види дека сите врски ќе бидат прекинати со доаѓањето на новиот зимски распоред за 2024/2025.