Vrabotuvanje.com - АНКЕТА: На македонците им е поважно да работат во стабилна, отколку во бренд компанија
Share
Tweet
Share
Send to friend

АНКЕТА: На македонците им е поважно да работат во стабилна, отколку во бренд компанија

„Не ми е важно да е бренд компанија, се додека фирмата ги почитува работничките права, дава редовна плата и негува добри меѓучовечки односи, не ми е битно во која компанија ќе работам“

АНКЕТА: На македонците им е поважно да работат во стабилна, отколку во бренд компанија

Направивме анкета во која прашавме: Ако имате понуда за исто работно место со исти услови, плата и бенефиции, каде би се вработиле попрво?

Многу неочекувано, најмал број на испитаници (16%) се изјасниле дека тоа би била позната бренд компанија.

Приближен број (18%) го избрале одговорот „во нова, растечка компанија“, а во коментарите неведуваат дека ваквите компании нудат најмногу опции за напредување и докажување. „ Бидејќи можностите за напредување и учење ќе бидат поголеми и побрзи “; „Да напредувам заедно со компанијата“ – се дел од коментарите.

22% се изјасниле дека попрво би избрале интернационална компанија.

32% избрале стабилна а не толку позната компанија, а дел од коментарите се „Да бидам вработен со години, а не секои 3 месеци да барам нова работа“ и „Да има редовна пллата и раотникот да ги има своите права“.

13% се изјасниле дека не им е важно. Дел од нивните коментари и објаснување за изборот се „Се додека фирмата ги почитува работничките права, дава редовна плата и негува добри меѓучовечки односи, не ми е битно.“ „Онаму каде што има најголема шанса за унапредување.“

Кое е вашето мислење?

Одговорете на нашата нова анкета - Што прво пребарувате за една компанија пред да одлучите да аплицирате?

 

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more