На социјалните мрежи се појави видео од паркинг во Мумбај кои покажуваат што може да се случи кога градежниците не ја завршат својата работа како што треба…
На видеото кое стана вирално на социјалните мрежи се гледа како еден автомобил буквално тоне вертикално во дупка во асфалтот се додека не потоне целосно!
Имено, ова се случило затоа што на паркингот претходно имало бунар, стар скоро 100 години, кој потоа бил покриен со тенок слој од бетон со цел да се направи паркинг простор за жителите.
Неодамнешните обилни дождови и големата количина на вода што ја натопила земјата на некои места го оштетила асфалтот, па така и оваа веќе постоечка дупка се отворила и го проголтала автомобилот. За среќа, во моментот на „потонувањето“ на возилото, во него немало никој.
Извор: slobodenpecat.mk
“I thought I parked it right here.” pic.twitter.com/pgC8Qc7xJW
— Rex Chapman