Vrabotuvanje.com - Помалку работници во индустријата во мај
Share
Tweet
Share
Send to friend

Помалку работници во индустријата во мај

Помалку работници во индустријата во мај

Бројот на работниците во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање од 7,5%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,1%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 4,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6%, додека пораст бележи кај Капитални производи за 6,2% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,4%. Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – мај 2021 година, во однос на периодот јануари – мај 2020 година, е намален за 2,7%.

извор: biznisinfo.mk

We use cookies to enhance your experience. By continuing to visit this site you agree to our use of cookies. Learn more